Петар Печков
Објавено: вторник, 11 мај 2021
Петмина велешани се ново заразени со ковид-19 изминатите 24 часа а оздравени се 13, објавија од Министерството за здравство. Или активни се 353 случаи а досега биле заразени 5.451 лице.
Министерството за здравство објави дека во болница во Скопје, починат е велешанец на 65 годишна возраст, позитивен на ковид-19. Тој е 170-та жртва на последиците од корона вируст во велешко.
Во велешка Болница хоспитализиран е 51 пациент, од кои 38 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и десет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми.
На кислородна поддршка се 24, од Болница се испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти, на Интерно седум и во Модуларната болница 20.
Tweet |