Петар Печков
Објавено: недела, 28 јуни 2020
Центарот за јавно здравје од Велес објави дека во текот на вчерашниот дена во велешко има петмина ново заразени со корна вирус. Денес нема оздравени, иако се чека втор негативен резултат за повеќе лица.
Четири лица се од Велес, еден е од СВР Велес заразен од кругот на семејството. Тројцата други се од едно семејство, се исто така заразени од член на семејството, биле со симптоми ги чекале резултатите. Лицето од Горно Јаболчиште беше сместено на Инфективно одделение и чекаше резултати - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Досега во велешко заразени се 178 лица, излекувани се 131, активни се 31 и 12 починати. Од активните 22 се на домашно лекување, 10 на Инфективно одделение и за едно лице се чекаат резултати, две лица се на Инфективна клиника во Скопје и еден во приватна клиника во Скопје.
Tweet |