Петар Печков
Објавено: петок, 02 октомври 2020
Според Министерството за здравство денес во Велес има пет нови случаи на позитивни на ковид-19 и двајца оздравени. Со тоа во општината има 36 активни случаи.
Двајцата мажи ново зарзени со коронавирусот се вработени во други градови, работат надвор од Велес и се заразени на работно место, една жена е заразена од член од семејството, една жена според епидемиолошка анкета не може да посочи од каде се заразила. Петтиот случај е многу чуден вработена во градинка, која заради патување во странство правела ПЦР тест, кој по нејзино кажување бил негативен и со него ја минала границата, ја напушила државата и сега се наоѓа во соседна држава. Подоцна резултатот од приватната лабораторија, пријавен до Министерството за здравство е позитивен. Поради тоа петте деца од градинката и колешката воспитувачка се изолирани, извршена е дезинфекција на објектот. Двете жени оздравени се од домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има заразени 335 лица, од нив оздравеле 283 а починати се 16.
На Инфективно одделение се 23 пациенти, 22 се потврдени позитивни еден сомнителен, еден пациент од Свети Николе пуштен по два негативни теста како оздравен - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
при преземање на текстот или делови од него, да се посочи изворот, во спротивно за крадење ќе се поведе постапка пред надлежен суд
Tweet |