Петар Печков
Објавено: сабота, 08 мај 2021
Изминатите 24 часа, во велешко оздравени се 10 пациенти а ново заразени со ковид-19 се пет лица, соопштија од Министерството за здравство. Или бројот на активни се симна на 382 пациенти а досега биле заразени 5.444 лица.
„На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест “ – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница хоспитализирани се 50 пациенти, од кои 40 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 26 пациенти, на Интерно шест и во Модуларната болница 18.
Tweet |