Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2020
Поднесени се пет приговори од страна на обвинети лица, за непочитување на полицискиот час.
Ова е одговорот од Основен суд Велес на прашањето на ТрМр:
Колку обвинети поднеле приговор на изречената парична казна за кривичното дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“ во периодот од 21-ви април до 18-ти мај годинава, при што во овој период биле изречени 47 парични казни?
Сите овие 47 лица се прогласени за виновни и им е изречена парична казна од по 800 евра или 40 дневни глоби во износ од по 20 евра.
Против 10 лица Основното јавно обвинителство Велес денес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. .
Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.
Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.
Вчера од СВР Велес информираа дека во мај месец констатирани се и два прекршока, не носење заштитна маска за што до Основен суд Велес за што против сторителите се поднесени две прекршочни пријави.
Tweet |