речник контакт

Петмина родители во Велес со парична казна оти не дозволиле децата да ги вакцинираат

И по цена на здравјето, родителите платиле од 300 до 600 евра но децата им останеле во опасност, доживотно да заболат од заразни болести и да ги трпат последиците

Петар Печков

Петмина родители од Велес се парично казнети оти не дозволиле нивните деца да бидат вакцинирани.  Согласно Законот за здравствена заштита Државниот  санитарен и здравствен инспекторат постапил во неколку случаи. ТрМр побара одговор  од надлежните дали и  на колку родители им е изречена глоба.

На територијата на подрачното одделение на Државен санитарен и здравствен инспекторат - Велес, преземени се правни мерки (изречени глоби) во вкупно 5 случаи, за родители кои не ги однеле децата на задолжителна вакцинација – стои во писмениот одговор на  ДСЗИ.  

Родителите платиле парична казна во висина од 300 до 600 евра, во зависност до случајот.   

ТрМр дознава дека во сите пет случаи родителите се високо образовани, со факултет и тие сметале дека нивното дете не треба да биде вакцинирано, по цена на неговото здравје  во натамошниот живот и дека е подобро да платат глоба.    

Пред да се поднесе прекршочна пријава,  со родителите на децата кои не дозволуваат да бидат вакцинирани се разговара и во   Детската  превентивна здравствена заштита со развојно советувалиште -Велес и во   Подрачната служба на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

По овие разговори повеќето се премислувале, но петмината родители останале цврсто на ставот, дека и по цена на здравјето и паричната казна, децата не  ги вакцинираат.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »