Петар Печков
Објавено: петок, 01 октомври 2021
Изминатата седмица откако започна вакцинирањето со трета доза за заштита од ковид-19 во Велес вакцинирани се 15 лица. Тие примиле вакцина „Фајзер“ . Истовремено се вршеше и евиденција на граѓани кои се вакцинирале во странство, Србија, Бугарија.
„Се вакцинираа здравствени работници од Болница, Здравствен дом и еден граѓанин над 60 години. Истовремено се вршеше и пријавување на граѓани кои се вакцинирани во странство. досева таа можност ја искористиле 20 лица вакцинирани со две дози“. - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинација со ковид-19 во велешко.
Во пунктот во Уред дошле повеќе лица кои примиле две дози вакцини против кoвид-19, но тие не ги исполнувале условите. Тоа биле лица над 60 годишна возраст, но не се минати шест месеци од втората доза. Здравствените работници кои примаат „бустер“ - трета вакцина, треба да покажат и потврда дека се вработени во одредена здравена установа.
Продолжува и вакцинирањето со прва доза, кое се врши со „Фајзер“ и бројката се движи помеѓу 40 до 50 лица на ден. Додека многу мал бил бројот на лица на возраст над 60 години кои се вакцинираат со прва доза или втора доза „АстраЗенека“. И околу 20 отсто помал бил бројот на лица кои не се вакцинирале со втора доза, иако примиле прва вакцина против ковид-19.
Tweet |