Петар Печков
Објавено: среда, 29 септември 2021
Петнаесет ново заразени и осум оздравени од ковид-19 е здравствениот биланс за велешко, за изминатите 24 часа. Податоците ги објави Министерството за здравство. Активни случаи во велешко е 331 пациент.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница се хоспитализирани 69, од кои 51 се потврдени позитивни, седум сомнителни и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница
На Инфективно одделение се 39 пациенти, на Интерно осум и во Модуларна болница 22.
Tweet |