Петар Печков
Објавено: недела, 14 март 2021
Институтот за јавно здравје на Македонија, за денес, недела, соопшти дека во велешко има 15 ново заразени позитивни на ковид-19 и оздравени се 13 пациенти. Со тоа активни се 324 случаи а досега се заразени 3.753 лица.
Во велешко од последиците на корона вирусот досега починале 118 лица.
И денес недела , висок број на хоспитализирани во велешка Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19. На лекување се 49 пациенти, од вкупниот број 41 се сместени на Инфективно одделение и седум се на Интерно. Во текот на изминатиот денес - сабота, попладнето, еден пациент е транспорт за Скопје во Приватна Болница -Систина.
Од лежечките пациенти 41 се потврдено позитивни, петмина се сомнителни и три лица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 17 пациенти.
Tweet |