речник контакт

Петнаесет ново заразени со ковид-19 и едно починато лице

Во Болница се згрижени 67 пациенти позитивни или сомнителни на корона вирусот

Петар Печков

Во Велешко  изминатите 24 часа има 15 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и 16 оздравени. Ова се податоци на Министерството за здравство, кое објави дека активни се 347 случаи. Има и еден починат пациент од последиците на ковид заразата, лице на 85 годишна возраст. Тој бил на болничко лекување и е 198 жртва на корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани 67,  од кои  54 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни  и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се згрижени   36, на Интерно осум и во  Модуларната болница 23.

 „На кислородна поддршка се 34 пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по  еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »