Петар Печков
Објавено: четврток, 19 март 2015
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува в петок во 23 часот и 45 минути. . Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17.44. Пролетта ќе трае до 21 јуни, кога календарски почнува летото.
Од утрешните нешто повеќе од 12 часа, постепено до 21 јуни денот ќе се зголемува до 15 часа, а ноќта ќе се намали на само 9 часа. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март, кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Затемнување на Сонцето најавено за утре, во Европа, во Македонија ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување.
Затемнувањето во Велес, според Астономско друштво, ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10.45, а ќе заврши во 11.56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.
Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година,а следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година. преку ноќта, утревечер е феноменот на Супермесечина.
По умерено студената, не многу снежна но врнежлива зима, според прогнозите, веќе од 25 март ќе дојде до позначително затоплување со дневни температури повисоки од 20 степени. Топлото време особено ќе биде изразено во месец април.
Tweet |