речник контакт

Петок -14-ти август, трето авионско прскање против комарци

Авио прскањето e најавено за периодот од 5 до 6,30 часот

Петар Печков

Петок  наутро, 14-ти август,  ќе се изврши  третото годинашно  авионско третирање против комарци, информираат од Општина Велес. Авио прскањето ќе биде во периодот од 5 до 6,30 часот.

Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање ќе се изврши наредниот ден сабота, 15-ти август.  Прскањето ќе се врши со средството „Цицерон 20“ произведено во Србија а ќе го врши кумановската фирма за авио услуги „Бониер“,, на површина од две илјади хектари. Надзорот на активностите  го спроведува ЈЗУ Центар за јавно здравје, Велес.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина - информираа од локалната власт.

Границата на третирањето е  Езеро Младост,  Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село  Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Општина Велес  ги потсетува  пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Според најавите од локалната власт  ова е последното прскање против комарци годинава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »