речник контакт

Петок вечер ОК Борец против ОК Работнички брка финале за Купот

Трето полуфинале за три години. Ќе успеат ли велешани да стигнат до трофеот?

Петар Печков

Петок вечер, 27 март  одбојкарите на ГОК Борец по трет пат, последните три години играат полуфинале во Купот. Овој пат противник им е составот на ОК Работнички од Скопје. Натпреварот се игра во салата Јане Сандански, каде се играт и остантатите Куп натпреври од звршницата и во машкото и женското полуфинале.  И од двате екипи велат дека нивните меѓусебни дуели сезонава носат неизвесност и дека така ќе биде и во соочувањето од Купот.

„Секој натпревар со Работнички сезонава беше интересен, двата тима се многу квалитетни. Очекуваме добар меч. Ние многу мотивирани влегуваме во дуелот, од сезона во сезона Борец работи се посериозно, расте и подготвени сме за дуелот со Работнички“, кажа одбојкарот на Борец, Антонио Николов.

Екипата на ОК Работнички ја води велешанецот Јованче Манасков.

„Работнички со самиот пласман на Ф4 веќе ја исполни целта зацртана на почетокот на сезоната, особено поради фактот дека имаме сериозно подмладување на тимот. Борец е ривал со кој одлично се познаваме, искусен и квалитетен тим и тоа им дава одредена предност, но куп-натпреварите е еден меч и дозволени се изненадувања. Амбициозни сме и подготвени и тактички и технички и се надевам дека тоа играчите ќе го покажат и на терен“, рече Манасков, тренер на  ОК Работнички.

Во првенството овие две екипи се сретаа три пати, во првиот дел од превенството во Скопје понбеди ОК Работнички, во разигрувањето два пати ГОК Борец. Натпpeварот се игра од 19,30ч co пренос на МРТВ 3.

Во првото полуфинaле играат ланскиот освојувач ОК УГД Штип и ланскиот шампион ОК Струмица. Победниците в сабота од 19,30 играат финале, повторно во салата Јане Сандански, кое исто така ќе биде пренесувано на МТВ 3.

Велешани 1995 како ОК Борец Универзал промет го освоија Купот а завршниот турнир е играше во салата 25 мај.  Пред две години одбојкарите на ГОК Борец играа во финале, лани загубија во полуфиналето. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »