Петар Печков
Објавено: сабота, 09 јули 2022
Велешанецот Ангелче Петрушев, како член на македонската репрезентација на СП за јуниори, во кајак слалом на диви води го освои 19-тото место. Тој во дисциплината К-1 веслаше полуфинале денес попладне. Не успеа за 5 секунди да се пласира меѓу најдобрите 10 во финалето.
Светски првак е Кастрик од Франција а се возеше на патеката Иври во Италија. Ланската година Петрушев на Светското првенство беше 15-ти.
Следен негов предизвик е сениорско Светско првенство кое од 19 до 25 ќе се одржи во Германија на патеката во Аугзбург. Таму ќе учествуваат и Борче Мирчевски и Стефан Рибарски, додека кај жените Олгица Мелова од Демир Капија.
Tweet |