речник контакт

Петрушев 57-ми во квалификациите на Светското првенство во кајак на диви води, слалом

Собирот на најдобрите светски кајакари се одржува во Сиднеј Австралија, во дисциплината К-1 настапија 74 кајакари

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец, велешанецот Ангелче Петрушев,  се пласираше на 57-то место на квалифакициите од Светското првенство во кајак на диви води, слалом, кое се одржува во Сиднеј Австралија.

Тој веслаше во дисциплината К-1, настапија 74 кајакари. Во полуфиналето се пласираа првите 30 а Петрушев зад нив заостана скоро 8 секунди а  12,65 од најдобропласираниот. Имаше и 4 казнени поени. 

Со ова завршија меѓународните настапи на Петрушев, тој на сите три претходни, Европското првенство за сениори и за У-23 веслаше во полуфинале исто така и на Светското Првенство за У-23.

Од домашните натпревари остана само уште државното првенство које ќе се одржи на патеката Матка.  

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »