речник контакт

Петрушев без пласман во полуфиналето во кајак слалом на ЕП Во Италија

Седумнаесет годишниот велешанец, се натпреваруваше во сениорска конкуренција

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец Ангел Петрушев го заврши настапот на Европското првенство во кајак слалом на диви води за сениори, во квалификациите.

Во двете трки, кои се веслаа попладнево, тој не успеа да влезе  во полуфиналето, меѓу 40-те натпреварувачи.  Во првата  трка Петрушев беше  46-ти од 65 учесника, со заостанување од 19:31 секунда зад водечкиот, додека во втората трка меѓу 34  натпреварувачи беше 20-ти со заостаток зад прво пласираниот  од 26:12 секунди.

Европското првенство се одржува во италијанскиот град Ивреа.  Петрушев кој има 17 години е член на КК Вардар од Велес. Тој ќе има шанса да ја покаже неговата умешност и квалитет, меѓу врсниците на ЕП и СП за јуниори и младинци,  кои во јуни и август ќе се одржат во Словенија. Тој беше единствен учесник на ЕП од Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »