речник контакт

Петрушев веслаше во полуфиналето на ЕП во кајак на диви води слалом во Краков

Петрушев имаше добар пласман во 1/4 и во кајак крос

Петар Печков

На Европското првенство за млади категории во кајак на диви води - слалом, У-23 и јуниори,  македонскиот репрезентативец  Ангелче Петрушев  веслаше во полуфиналето. Во К-1, во квалификациите тој уште по  првата трка се пласираше во полуфиналот откако  веслаше 16 време меѓу 74 натпреварувачи и влезе меѓу 30 најдобри. Во полуфиналето беше 25, а доколку го повтореше веслањето од квалификациите ќе имаше далеку повисок пласман. Европски првак во ова конкуренција стана Французинот Лео. 

Кај девојките Мелова, од Демир Капија не ај заврши трката во К-1 кај У-23. Кај јуниорите Рибарски беше 51 од 77 во првата трка што не беше доволно за полуфинале и 38 во втората трка од 47 натпреварувачи. Тоа беше премалку за пласман меѓу 30 полуфиналисти. Кај јуниорите веслаше и Димитриев кој во првата трак беше 74 од 77 а во втората 30 од 47. Третиот македонски репрезентативец Ристовски не ги заврши двете трки.

Македонските репрезентативци веслаа и во новата олимписка кајак дисциплина крос. Петрушев постигна одличен резултат и се пласираше во четврт-финалето. Во квалификациите беше 10 од 68 учесници, па во осминафиналето во група од четворица кајакари, беше втор и влезе во четврт-финале, меѓу 16 најдобри. Но сили  за повеќе немаше. Европски првак во ова конкуренција стана Британецот Левер. И младиот Стефан Рибарски влезе во осминафиналето во кајак крос, не според резултат беше 38 од 78, туку според земја учесничка. И овој пласман на ова првенство беше максимум за Рибарски.

Пред младиот Петрушев е најзначајниот настап сезонава. Учеството на Светското првенство во кајак на диви води слалом, кое од 19 до 24 септември ќе се одржи во Лондон на олимписката патека Ли Вели. Таму ќе брка пласман за учество на Олимпијадата до година во Париз. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »