речник контакт

Петрушев во полуфиналето на Светското првенство за јуниори на диви води слалом

На ЕП во велосипедизам на хронометар настапи Виктор Ванчевски

Петар Печков

На патеката Иври во Италија се одржува Светското првенство во кајак на диви води за јуниори и +23. Таму се  натпреваруваат четворица македонски репрезентативци, од нив тројцата во машка конкуренција се од Велес. Тие веслаат во К-1 за јуниори.  Ангелче Петрушев уште по првата трка обезбеди пласман во полуфинале, откако беше 19 од 78 учесници. Во полуфиналето ќе веслаат 40, тоа е на програмата в сабота а Петрушев треба да стартува во 14,30ч.  Минатата година на СП за јуниори кајак на диви води-слалом, Петрушев беше 10-ти.

Во квалификациите настапија и Стефан Рибарски кој во првата трка беше 46 а во втора 31, додека Коце Игнатов беше 75 односно 36-ти (во втората трка веслаа 48 учесника). Претходно тројцата во машка конкуренција за репрезентацијата на Македонија,  веслаа екипно јуниори во 3хК-1 во состав Петрушев, Игнатов, Рибарски и беа 10-ти од  20 држави а светски првак стана Словачка. Во женска конкуренција, како јуниорка учествуваше Олгица Мелова од Демир Капија, која во К-1 беше 41 од 42 учеснички во првата трка и 23 од 24 во втората.

На ЕП во велосипедизам на хронометар настапи Виктор Ванчевски

 Во Португалија се одржува Европското првенство за јуниори и +23, во велосипедизам. Се возеше хронометар на патека во должина од 22км. Кај младите до 23, меѓу учесниците како македонски репрезентативец беше велешанецот Виктор Ванчевски. Тој од 43 учесници беше 42-ри.  Кај јуниорите од 52 учесника Александар Милошевски беше 49-ти а Лука Димитријоски беше последен 52.
 Тие ќе возат 126км од  друмската трка, која на програмата за јуниорите е в сабота од 14 ч. додека за младите до 23г. е в недела кога ќе возат  147км, стартот е исто така во 14ч.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »