речник контакт

Петрушев го освои четвртото место на ЕП за јуниори во кајак слалом на диви води

Младиот велешанец оствари одличен резултат и за малку му избега првата медалја во кајак слалом за Македонија

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец во слалом  кајак на диви води, Ангелче Петрушев го освои четвртото место на Европското првенство за јуниори во дисциплината К-1. Нему  во финалната трка за помалку од една секунда му избега првата медала во кајак на диви води за Македонија.  

Петрушев беше прв по полуфиналето со најдобро време, и две третини од финалето  веслаше одлично, со најдобро време на минување, за во последните 30-тина метри да успори, ја изгуби предноста и се пласира како четврти. Нов  Европски првак стана Французинот Кастрик, пред Словенецот Кочевар и Словакот Румански.  

Петрушев кој има 18 години со ова ЕП кое се одржа во Чешка, на патеката Чешке Будијовице, ги завршува настапите за јуниори и од следната година ќе весла  до У23 години. Тој веслаше и на Светското првенство за јуниори кое се одржа во Иври, Италија Германија, каде беше 19-ти.

Петрушев учествуваше и на Светското сениорско првенство во кајак на диви води слалом  во Аугсбург Германија, на Европското во Липтовски Миклош Словачка, но и на две трки од Светскиот куп во Краков Полска и Тацен Словенија. Неговите планови се поврзани со пласман на Олимпијадата во Париз 2024.  Петрушев на светската кајак листа во слалом на диви води,  се наоѓа на 117 место.

За посетување во четвртокот во екипно 3ХК-1 македонската репрезентација во состав Петрушев, Рибарски  Игнатов го освои 5-тото место во јуниорска конкуренција на ова ЕП.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »