Петар Печков
Објавено: среда, 08 ноември 2023
Викендот на патеката Матка, се одржа сениорското првенство на Македонија во кајак на диви води, слалом.
Во поединечна конкуренција државен првак стана Ангелче Петрушев а второто место за Стефан Рибарски, и двајцата членови на ККК Вардар од Велес, додека трето место е Борче Мирчевски од ККК Бабуна, исто така од Велес.
Во екипното веслање 3хК-1, државен првак стана составот на ККК Вардар од Велес, со Петрушев, Рибарски и Миланов, додека второто место за ККК Бабуна со Мирчевски, Игнатов и Варналиев. Третото место за ККК Илинден од Скопје.
По собирањето на освоените поени во поединечно и екипно веслање, за најдобар клуб на Државното првенство во кајак на диви води, слалом е прогласен ККК Вардар од Велес.
фото архива ТрМр
Tweet |