речник контакт

Петрушев е сениорски и јуниорски првак на Македонија во кајак диви води, слалом

Со 18 години тој ги освои двете титули. Петрушев е член на ККК Вардар од Велес

Петар Печков

Ангелче Петрушев е државен првак во кајак  слалом на диви води во дисциплината К-1 но и во јуниорска конкуренција. Со 18 години тој ги освои двете титули. Петрушев е член на ККК Вардар од Велес.

За потсетување, летово Петрушев го озвои 4-тото место на јуниорското ЕП во кајак на диви води, кое се одржа во Чешка а на светското кое се одржа во Италија беше 19-ти.


На државното првенство кое се одржа на патеката Матка во Скопје, втор беше Борче Мирчевски од ККК Бабуна а трет Стефан Рибарски од ККК Вардар.

Рибарски го освои второто место кај јуниорите на државното првенство кое се веслаше на реката Вардар во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »