Петар Печков
Објавено: среда, 21 јуни 2023
Кајакарот Ангел Петрушев е eдинствениот велешки спортист кој учествува на 2 Европски спортски игри. Тие започнуваат, со свечено отворање денес во Краков Полска. Петрушев ќе се натпреварува во кајак слалом на диви води во К-1 а според календарот на организаторите квалификациите се на 27 јуни, вторник во 9,35 ч..
Засега нема објава на службената страница колку учесници има во квалификациите. Македонија на Европските спортски игри, налик на Европска Олимпијада, учествува со 38 натпреварувачи во девет спортови - атлетика, мечување, кајак на диви и мирни води, таеквондо, бокс, стрелаштво, карате, текбол.
На Игрите има 29 спортови а пријавени се околу две илјади спортисти од 50 Европски држави.
Tweet |