речник контакт

Петрушев како младинец го освои 6 место на ЕП во кајак на диви води, во сениорска конкуренција

Голем успех за младиот велешанец

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец  во кајак на диви води, Ангелче Петрушев во дисциплината  К-1 го освои 6 место на Европското првенство  кое викeндов  се одржува во Словенија на патеката Тацен на реката Сава. Тој патеката ја извесла за 91,53 што е за  скоро 5 секунди послабо време од победникот. Ова е прв пат по 2010 кога Александар Николовски беше финалист на Европското првенство,  македонски  репрезентативец да се најде меѓу 10 најдобри. 

Петрушев кој има 20 години  настапува во сениорска конкуренција. Во 2022 на ЕП за јуниори кое се одржа во Чешка беше 4-ти. Летово пред Петрушев  се настапите на ЕП и СП за до 23 години. Европски првак во Словенија стана Италијанецот Ди Џенаро. На првенството учествуваа 60 натпреварувачи. Настапија и  македонските репрезентативци Кристијан Смилев кој има 15 години  а беше 50 и Стефан Рибарски кој се пласира на  59-то место.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »