Петар Печков
Објавено: среда, 22 мај 2024
По освоеното 6-то место на Европското првенство во кајак на диви води, Ангелче Петрушев е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет. Оваа вест ја објави Даниел Димовски претседателот на МОК. Договорено е Петрушев да биде стипендист на МОК, во периодот 2024-2028 и да биде дел од Олимписките планови и програми на МОК за периодот 2024-2032.
„Пред Ангел доаѓа време во кое тој ќе покаже и докаже дека македонскиот кајак е во самиот Европски и светски врв и дека во нашите заеднички планови тој секако се наоѓа заслужено, знаејќи дека неговото најдобро допрва предстои“ – соопштија од МОК.
По настапот на ЕП на патеката Тацен, на реката Сава, Словенија, каде го освои историското 6-мо место, кое е најдобар пласман на еден македонски кајакар. Исто место 6-то освоија во 3хК-1 Николовски, Нацев, Поповски. За впечатоците од Словенија во изјава за ТрМр, Петрушев ги сподели неговите впечатоци и емоции.
„Чувствата од пласманот се неописливи, радосен сум и среќен. Тоа е резултат на мојот вложен труд, но и на сите кои стојат зад мене, тренерот Димче Стефановски, ККК Вардар, Кајак федерацијата. Сигурни сме дека по овој историски резултат, можеме и повеќе со поголем ангажман и труд. Тоа во пракса значи некои од првите три места на следните ЕП или СП во наредните години.Имаше многу откажување изминатиот период, кои резултиураа со овој пласман. Тоа значи дека имам вредност кое треба да се потврдува“- кажа Петрушев.
Тој во текот на месец април имаше две неделни подготовки на патеката , што сигурно значеше за пласманот на ЕП. Реката Сава саботата кога се одржуваа натпреварите беше силна, моќна а патеката тешка за веслање.
„Имаше проблеми со реката, која беше надојдена оти имаше обилни врнежи, па натпреварите во петокот беа одложени. Затоа се возеше само една трка во саботата претпладне, која беше и квалификации и полуфинале. Во финале влегоа првите 12, јас бев 10. По неколку часа се возеше финалето.“ – додаде Петрушев.
Пред нeго наредниот период се СП до 23 год во Словачка на почетокот на јули, во средина на август е ЕП исто до 23 год во Полска. А веќе на 2 јуни ќе весла на Светскиот куп за сениори на истата патека во Краков но трка од Светскиот куп. А во меѓувреме Петрушев го чека одговорот за учество на Олимпијадата во Париз, со вајлд карта.
Tweet |