речник контакт

Петрушев победи на меѓународниот кајак натпревар ИКАС на Матка

Ракометарите на ГРК Борец во борбата за опстанок забележаа пораз на гостувањето во Штип

Петар Печков

Ангелче Петрушев е победник на 52-то издание на меѓународниот  Кајак Слалом ИКАС 2021 кој викендов се возеше на Матка.  Младиот велешанец на само 17 годишна возраст  победи во конкуренција на 20-тина кајакари освен од Македонија и од Србија, Грција, Италија и БиХ.  Петрушев е член на ККК Вардар од Велес. Останатите велeшки клубови незадоволни од федерацијата не учествуваа на натпреварот.

Ракометарите на ГОК Борец во 11-тото коло од Првата лига, разигрување  за опстанок, загубија во Штип од екипата на Текстилец со 26:23 (15:14). Во израмнет натпревар во кој домаќините поголем дел имале водство, стигнале до победата. и се израмнија со бројот на бодовите со велешани, имаат по 21. ГРК Борец останува на третото место а веќе в среда игра дома со лидерот РК Преспа, кој досега има само еден пораз.  Во претходното коло, дома во салата Гемиџии ГРК Борец ја победи последно пласираната екипа на РК Кичево, со 33:29 (14:14).

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »