речник контакт

Петрушевски со врвен пласман на Светскиот и Европскиот кајак слалом куп

12 годишното момче од Велес беше прв во Братислава и два пати втор во К-1 Флатах Австрија

Петар Печков

Младиот кајакар, велешанецот  Ангелче Петрушевски одлично извози на првите две трки  од Европскиот и Светскиот кајак куп и најави дека е голема надеж на македонскиот  и велешки кајак. 

Петрушевски  кој е  член  на ККК Велес од Велес,   изминатите десетина дена возеше  кајак слалом  трки К-1  во Братислава – Словачка и  во Флатах Австрија.

Во Словачка Братислава  возеше трка од Светскиот куп за  млади категории и беше  прв, додека во Флатак возеше  две трки  од Европски  куп и во двете трки беше втор. 

Со ова 12 годишниот  Ане најави дека има големи можности во натамошната  кариера, бидејќи возеше во категоријата   до 14 години.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »