Петар Печков
Објавено: петок, 22 јуни 2018
Без малку петстотини велешани добија паричен надоместок по основ на стечајци. Од Министерството за труд и социјална политика пред десетина дена ја соопштија точната бројка на позитивни решенија доделени во Општина Велес. Тоа е 486 лица кои ги исполниле условите. Околу илјада и петстотини велешани поднеле документација со која очекуваат да добијат месечен надоместок по основ на стечајни работници. Најмногу одобрени барања се од Порцеланка, од таму барање поднеле 423 лица а позитивно решение е донесено за 224. Натаму следат вработени во Лозар, Нокатекс, Велеспром, Интернационал, Топилница, ХИВ...
Со овој Закон овозможува на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна државна сопственост да добиваат месечен надомест од 30 отсто од просечна републичка плата, се до пензионирањето. Законот опфаќа лица кои имале најмалку 15 години стаж во вакви претпријатија, а работниот однос им завршил по основ стечај, ликвидација или технолошки вишок заклучно со 30 јуни годинава.
На денот на стапување во сила на овој Закон важи возрасна граница од минимум 52 години за жени, односно 55 за мажи. Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.
Tweet |