речник контакт

Петти ден по ред во велешко нема нов случај на позитивен на ковид-19, и денес има починат велешанец

Во болница се хоспитализирани 24 пациенти, позитивни или сомнителни на корона вирусот

Петар Печков

Петти  ден по ред во велешко нема нови случаи на позитивни со ковид-19, има двајца оздравени. Ова е податоците на Министерството за здравство за изминатите 24 часа.

Тие информираа дека е починат е велешанец на 61 годишна возраст во болнички услови, кој се лекувал на некоја од клиниките во Скопје. Тој е 173 жртва од велешко, како последиците на заразата.

„На кислородна поддршка се девет  пациенти. Испишан е еден  пациент како оздравен со  еден  негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница хоспитализирани се 24 пациенти,  од кои  12 се потврдени позитивни, двајца сомнителни  и десет  пациенти се  со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На Инфективно  одделение се  осум  пациенти, на Интерно четворица  и во Модуларна болница 12.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »