Петар Печков
Објавено: вторник, 28 мај 2019
Петстотини учесници, викендов уживаа во петтото издание на велосипедски настан ,,АЗОТ 2019 мтб предизвик,,. Велосипедисти, планинари и останати посетители имаше од повеќе градови на Македонија, но и од Словачка, Германија, Бугарија, Србија. Настанот беше посетен од преку 500 лица, од кои преку 350 директни велосипедисти, 50-на планинари и останати посетители. Дружењето траеше два дена, првиот ден учесниците го искористија за организирано возење до село Бистрица со посета на етно музеј и манастирот. Во кампот истовремено најмладите учесници учеле вештините на возење велосипед. Забавниот дел заврши со рок забава.
Мотото е секогаш ист, вистински предизвик за секого, затоа што вистинскиот мотив на секој љубител на природата е предизвикот пред непознатите предели, тежината на патеките, и најважно од се само довербата како фактор за надминување себе си. Со ова тие постојано ја поместуваат границата на позитивно со цел на сите посетители да им овозможат да понесат неизбришливи спомени од АЗОТ надополнети со лично и општо задоволство кое на секој од нас ни е неопходно во времето во кое живееме и промените на кои сме изложени - вели Зоран Јаневски како претседател на Здружението на граѓани ,,Велес бајкинг,, организатор на настанот.
Главниот дел на фестивалот беше неделата на 26-ти мај кога се возеше на три патеки големата патека - 53.5 km +1805, средната патека: 34.5 km +1011 m и малата патека:16.9 km +442 m. Стартот и целта на возењето беа во село Богомила, потоа возејќи преку селата Црешнево, Капиново, Нежилово, преку планинарски дом Чеплес. Вториот дел на патеката беше најинтересниот- вистинскиот дел за подигнувањена адреналинот и возбудата, дел кој ги повзрива Чеплес и с.Папрадиште. Дел од патеката поминува низ бескрајно убави и восхитувачки предели како што е погледот кон врвот Солунска глава (2451 мнв), неколку живописни водопади и возење долж реката Бабуна.
Освен велосипедиости, 50-на планинари планинареа на локации од регионот АЗОТ и тоана релација Богомила-Црешнево- Преслап и назад во должина од 16,2км. Сите активности од петиот ,,АЗОТ 2019 мтб предизвик,,. беа во селото Богомила-школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов.
фото: Велес бајкинг, Никола Христовски, Горан Василев
Tweet |