Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 август 2010
Екипата на Куманово е победник на петтиот меморијален ракометен турнир Ѓорги Гајдов, кој изминатиот викенд се одржа во Велес а домаќин беше екипата на Борец.
Во неделното финале кумановчани беа подобри по изведувањето на пеналите од екипата на ВВ Тиквеш со 33:32, откако во регуларниот тек средбата заврши нерешено 29:29.
Во борбата за трето место Пролет го победи Борец со 29:25.
Во полуфиналните средби беа постигнати следните резултати Борец – Тиквеш ВВ 23:24 , Куманово – Пролет 27 :24.
Tweet |