речник контакт

Пешак се здобил со тешки телесни повреди, откако автомобил удрил во лицето

Сообраќајката се случила во близина на зградата на ЕВН

Петар Печков

Вторникот попладне, во близина  на зградата на ЕВН, автомобил удрил во пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Велешка болница.

„На 10 јануари околу 15.35 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Е (32 год) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50 год) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Д. констатирани во Општа болница Велес“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По овластување на Јавен обвинител, увид на место на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините за сообраќајката.

„Вторникот попладне на хирургија е донесена пациентка, со повреди здобиени од сообраќајна незгода. Има скршеница на рака, како и отворена рана на глава.  Повредите се санирани и по барање на повредената таа е пуштена на домашно лекување“ - соопшти д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол ан Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »