речник контакт

Пешак смртно настрада откако бил удрен од воз

Лицето се движело по пруга

Петар Печков

 Нова железничка несреќа, овој пат смртно настрада лице, кое се движело по пругата, близу  Неготино. Тоа е втор инцидент со смртни последици за една седмица.

„На 8 септември  во 2 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце- Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброво удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот“ -соопштија од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР- Неготино.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »