Петар Печков
Објавено: среда, 28 февруари 2024
Неготинец денес, среда на пладне, бил удрен од камион на паркинг простор, по што починал од здобиените повреди. Деталите од информација на СВР Велес.
„На 28.02.2024 во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27 год) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78 год) од Неготино. Од здобиените повреди С.Т. починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт“ -соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Tweet |