Петар Печков
Објавено: петок, 07 мај 2021
Возач со автомобил, удрил во пешак, полицијата не соопштува дали било на пешачки илои на коловозот. Повредениот морал да биде сниман во Болница во Скопје.
„Четвртокот вечер 6-ти мај во 22.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко моторно возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С.(23 год) од село Долно Караслари, велешко, удрило во пешакот Е.З.(44 год) од Велес“ – соопштија од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката. Во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.
„Околу 23 ч. повредено лице во сообраќајка било донесено на хирургија. Консттирани се повреди, нагмечувања на главата, па е пренесена на сниамње на Клинички во скопје. Пациенткта е вратена и хоспитализирана во Болница“ – соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |