речник контакт

Пешак удрен од автомобил, повредената се здобила со скршеница

Повредената има скршеници на нога и се наоѓа на одделението за ортопедија на велешка болница

Петар Печков

Велешанка се здобила со скршеница, тешки телесни повреди, откако била удрена од автомобил. Деталите од билтенот на велешката полиција. 

„На 2 октомври  околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62 год) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81 год) од Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР ВЕлес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј. констатирани во Општата болница Велес.  Според  хирург д-р Ванќо Граматов, повредената има скршеници на нога и се наоѓа на одделението за ортопедија на велешка болница.  

По овластување на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »