Петар Печков
Објавено: четврток, 14 септември 2017
Вчеравечер , среда, 13.09.2017 година во 22.45 часот на автопатот Скопје -Велес, кај место викано „Рајко Жинзифов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мерцедес ЦЛС 350“ со српски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (45) од Република Србија удрил во пешак Ј.Ј. (30) од село Грдовци, кочанско кој се движел по автопат.
Од здобиените повреди, пешакот починал веднаш на местото на настанот. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа – информираа од МВР.
Нема информации зошто лицето Ј.Ј. во доцните вечерни часови се движело по автопат.
Tweet |