Петар Печков
Објавено: среда, 12 септември 2018
Пешаците и рекреативците од денес ќе можат непречено да се движат, во одреден дел на денот, низ Градскиот парк. Стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица, што е по барањето на рекреативците кои го посетуваат паркот.
Решението овозможува непречено движење на пешаците и рекреативците кои масовно ја користат оваа улица особено во утврдените часови во текот на денот и истовремено обезбедува заштита на животната средина. Реагиравме согласно законските прописи. Поставена е вертикална сообраќајна сигнализација, со која се забранува движење на моторни возила на улицата. Забраната за возила важи со временско ограничување - најави градоначалникот Аце Коцевски.
Во летниот период забраната е од 6 ч. до 9 ч и од 18 ч. до 21 ч. а во зимскиот период од 6 ч. до 9 ч. и од 17 ч. до 20 ч. Забраната не се однесува на возилата за итна медицинска помош, возилата на противпожарната единица и возилата на МВР“.
Tweet |