Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 мај 2016
Пешачките премини во градов скоро и да не се препознаваат. На ваквата состојба реагираат и возачите и пешаците. Сите чекаат кога ќе се изведе хоризонталната сигнализација.
Мошне бргу пешчките премини побелеа. Сега е тешко човек да се снајде на улица. Треба што побргу да се одбележат -велат велешани.
Од локалната власт уверуваат дека оваа обврска не е заборавена.
Не се поволни временските услови за одбележување на хоризонталната сигнализација. Немаме континуирано топло време која би ја задржало бојата, имаше врнежлив период. Потребно е континуирано подолго време да бидат повисоки температури без врнежи. Налозите се дадени на фирмата која треба да го изврши одбележувањето - вели градоначалникот Чадиев.
Tweet |