речник контакт

Пешачките премини ќе се префарбуваат

Поради лошата изведба фирмата изведувач ставена на ,,црна листа,,

Петар Печков

 Хоризонталната сигнализација во Велес  е во лоша состојба, иако неодамна, пред два месеци беа обележувани  пешачките премини и коловозните ленти.  Од  бојата   ништо не  остана. И пешаците и возачите  како учесници,  во градот работат по сеќавање.  Граѓаните се лути што целата работа на бележење, нема ефект. Бараат повторување или ново бележење на улиците по градот.

Уште не завршени со одбележувањето, работниците и не ги беа собрале работите, бојата ја немаше. Многу лоша реализација, како годинава немало досега. Локалната власт мора да преземе мерки, одбележувањето да се повтори. Потребно е ново одбележување, бидејќи постојното  и не се забележува, како со вода да фарбаа. Кога минеме на пешачки, и ние и возачите знаеме дека тука имало па повеќето ќе прикочат и ќе не пропуштат. Но има некои кои не се должни да запрат. Нарушена е безбедноста - велат велешани.

За ова работа, како ретко кога има едногласие меѓу граѓаните. Нив им се приклучи и локалната власт. И таа  е незадоволна како се изведени работите по велешките улици. Не ја споменуваат фирмата која работеше, но јавно кажаа дека добила ,,црвен картон,,.

Избраната фирма, која работата ја доби на тендерска постапка, не ја заврши работата  квалитетно. Ги употребивме сите механизми кои ни се на располагање. Фирмата поради ова е ставена на т.н. ,,црна листа,, и не ќе може да добие работа во следните 12 месеци на територијата на Македонија. Активирана е  банкарската гаранција. Ние како локална власт сме во фаза на избор на нова фирма која ќе ги одбележува улиците низ градот. Не можев како градоначалник да поминам преку таква работа, денес се одбележува, другиот ден бојата ја нема. Ова го потврди и надзорот и сега согласно законските процедури мораме да ја минеме  целата постапка одново - рече градоначалникот Чадиев

. Поради ова не се одбележени и  неодамна ново асфалтираните улици низ градот.  Минатата година истата фирма имаше проблем со одбележувањето на улиците, кога тоа го работеше дење, па низ Велес се создадоа километарски колони, големи гужви и сообраќаен хаос.

И тогаш реагираше општинската администрација,  која констатираше дека фирмата изведувач работи надвор од договорот, дење. По ова бележењето се вршеше ноќе а се повтори и на сите претходно одбележани улици.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »