речник контакт

Пешна

Во периодот од 28.07 до 01.08.2006 година во местото Пешна, општина Македонски Брод се одржа традиционалниот спелеолошки табор, оваа година именуван како “Научно истражувачка експедиција ПЕШНА 2006”.

Зоран Николов

Во периодот од 28.07 до 01.08.2006 година во местото Пешна, општина Македонски Брод се одржа традиционалниот спелеолошки табор, оваа година именуван како “Научно истражувачка експедиција ПЕШНА 2006”. Акцијата беше организирана од Спелеолошката федерација на Македонија со помош на Агенцијата за млади и спорт и Дрога Колинска. Целта на акцијата беше истражување на нови канали на пештерата Пешна (која е со најголем отвор на Балканот), под претпоставката дека водата која извира во неа е истата онаа која понира во понорот на Крапска река (на околу 5 километри оддалеченост), користејќи техника на механичка сила на речен тек, како и припрема на пештерата за идно место за одржување на меѓународни натпревари во спелеологија. Во акцијата учествуваа дваесетина спелеолози од ИД “Урсус Спелеос” Скопје, ПСК “Златоврв” Прилеп, ДПС “Лисец” Штип, како и претставници на Еколошкото друштво “Треска” од Македонски Брод. За време на акцијата во пештерата беше поставен смер за искачување на карпа, беа извршени вежби на техники на спуштање од таваницата на отворот (30 метри висина), а беа посетени и пештерите Горна Слатинска, Слатинска 2 и Пурало во с. Слатина. Во втората сала на пештерата Пешна, чие тло е покриено со наноси на глина и песок беше извршено рачно копање и измивање со вода на наносите, при што салата беше продолжна за 3 метри во североисточен правец и продлабочна за 3 метри. Сепак поради големото количество на наноси ќе треба да се организираат и додатни акции за да се отстрани наносот и да се отвори некој евентуално затрупан канал. - Ангелески Златко, секретар на Спелеолошката федерација на Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »