Петар Печков
Објавено: петок, 24 октомври 2014
Државните прваци во машка и женска конкуренција Кристијан Стојановски од Крива Паланка и Марија Јованова од Кавадарци , се победници на првиот пинг понг турнир одржан во Велес, во последните 15-тина години.
На турнирот учество земаа стотина натпреварувачи од неколку градови од земјава. Причина за интересот беше добриот награден фонд, наменет за победниците.
Амелија Уце и Кристијан Стојановски победија во двојки а зад себе ги оставија машките парови: Александар Кралев и Филип Младеновски а трети беа Христијан Јорданов и Гоце Димовски.
Втор во машка конкуренција беше Христијан Јованов а трет Филип Младеновски. Во женска конкуренција втора беше Добринка Сотирова, а трета Ана Стојановска. Организатор на турнирот Велес опен беше ЈП Парк спорт и се играше во салата Гемиџии.
Tweet |