речник контакт

Пингпонгарите на Борец ТИМ со два порази во Првата лига

Познати паровите за ¼ финалето во ракометниот куп, ФК Фруитленд игра во Скопје

Петар Печков

Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ забележа два порази во Првата лига. Во средбата со ППК Дебар маало, кој имаше ист скор како велешани, славеа скопјани со 4:3 а во натпреварот со лидерот ППК Ѓорче Петров, тие победија со 4:1. По ова 14 коло ППК Борец ТИМ е 8-мо пласиран со 17 бода во лигата која брои 9 екипи. Следните две кола се играат на 27 април, кога ППК Борец игра со второпласираниот тим на ППК Крива Паланка и ППК Берово 2, кој е место погоре од велешани, 7-ми  со еден бод повеќе.

Познати се паровите за ¼ финалето од ракометниот Куп. Велешки РК Фруитленд ќе игра во Скопје за противник го има лидерот на Првата лига, вториот тим на РК Пелистер Еурофарм. Доколку помладиот велешки ракометен лигаш победи во финалето во групата ќе игра најверојатно со РК Вардар, кој треба да го совлада тимот на суперлигашот РК Бутел. Натпревите се играат на 26 и 27 април.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »