Петар Печков
Објавено: среда, 07 октомври 2026
Започнаа натпреврите во пингпонгарските лиги на Македонија. По две и пол децениии во најквалитетното друштво Супер лигата, Велес има претставник, тоа е составот на ППК Борец ТИМ. Во првото коло играа со составот на ППК Крива Паланка и се поразени со 1:4. Во следните две кола, кои ќе се играат на 18 октомври, ППК Борец игра со ППК Младост од Прилеп и ППК Шампион ФА од Штип.
Во Втората лига сениори, Велес има три претставници, две екипи на ППК Патриоти 1 и 2 во двете групи во оваа конкуренција и вториот тим на ППК Борец Тим. Во првото коло во регион 1, во локалното градско дерби ППК Патриоти 1 го победи ППК Борец ТИМ со 4:0. Во групата регион 2 ППК Патриоти 2 го победи ППК Ѓорче Петров со 4:2, додека средбата ППК Патгриоти 2 со ППК Студент 2 е одложена,
Во следното коло на 17 октомври Патриоти 2 игра со ППК Гевдион од Гевгелија. Во групата регион 1, од 10ч играат Патриоти 1 – Саса додека од 14ч Патриоти 1 игра со Мара Лопка. Два настапи има и ППК Борец, од 10ч, игра со Мара Лопка а од 14ч. со Саса (14h).
| Tweet |




