речник контакт

Писателката Нада Алексоска добитник на наградата „Коле Неделковски“ (фото)

Одбележани 80 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски

Петар Печков

Писателката Нада Алексоска е годинешен добитник на наградата за животно дело „Коле Неделковски“, која ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Таа е автор на бројни дела поезија и проза.

„Особена чест ми претставува што годинава јас сум добитник на ова значајно и високо признание.Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер јас и  понатаму читам и  пишувам“ - кажа добитничката Алексоска во  спомен куќата на поетот Неделковски во родното село Војница.

Признанието, се доделува по петти пат, во рамките на  одбележувањето на 80-годишнината од смртта на поетот Коле Неделковски. Наградата и беше врачена на свечен начин во дворот на средното училиште „Коле Неделковски“. Обележувањето  на годишнината од  смртта, беше и во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница, каде се обрати писателката и се положи свежо цвеќе пред споменикот.

Нада Алексоска е автор на монографијата „Смилјан Гриовски агентот на ЦИА“ издадена 1998 година, стихозбирките „ Кога душата говори“ ,Ластовичка“ , „Песната на ѕвездите“ и збирките на новели „Под сенката на брезата“  и „Муабетење со умот“.

Во дворот на средното училиште кое го носи името на поетот, Коле Неделковски, се одржа чествување за 80 години од неговата  смртта, при што беа прочитани  творби од богата ризница на Неделковски а беше положено цвеќе пред неговата биста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »