Петар Печков
Објавено: вторник, 08 октомври 2024
Писателот од Полска, Павел Беренсевиќ во Европската куќа во Велес, го промовира македонското издание на неговата книга за млади „Шепотено“. Книгата се најавува како напнат и неизвесен роман за проблемите на тинејџери што се нашле во мрежа полна со лажни вести, тролови.
„Книгата не е поврзана со велешките млади и лажните вести тука за младите средношколци од Варшава од Полска кои преку рекламирање, делење на шарени летки за разни производи, односно ширење на лажни вести, бараат начин да соберат пари да за присуствуваат на финалето од Лигата на шампионите кое било најавено да се одигра на стадион во Варшава во Полска“ – кажа Баренсевиќ, кој лично присуствуваше на промоцијата.
Авторот вели дека не е писател кој сака да ги поучува читателите или децата да извлекуваат поуки или морали од книгата, туку дека ги остави со прашање за размислување.
Книгата „Шепотење“ е во издание на „Бата прес“.
Tweet |