Петар Печков
Објавено: сабота, 22 април 2023
Писателот Славко Јаневски со неговиот стрип „Киќа и детективи“ е првиот македонски автор кој напишал стрип. Тој бил создаден во 1940-тата а објавен следната година во српското списание „Микиево царство“.
По Втората светска војна, Јаневски го објавил и првиот стрип на македонски јазик, „Еден бункер падна“ на почетокот од 1945 година, во младинската периодична публикација „Пионер“. Ова се податоците кои младиот Александар Стеванов од Штип, ги дознал истражувајќи за историјата на македонскиот стрип.
„Ова моја студија за македонскиот стрип ја реализирав за периодот 1937 до денес. Опфатен е периодот и на македонската стриповска праисторија“ - вели Александар Стевановски стрип истражувач, кој ова го работи последните 10 години.
Јаневски бил автор и на првиот македонски стрип со историска личност како јунак, тоа е „Крале Марко и орелот“, објавен во списанието Стрип книга, исто така во Србија.
Според Стеванов стрип се цртало на почвата на Македонија уште во 14 век, кога е создадена хагиографската икона „Св. Никола со житие“ во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, а нешто подоцна и иконата „Житието на Св. Ѓорѓи“ од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, која датира од 15 век.
Во 1998 е создаден првиот стрип албум во Македонија „Вара- каменот на љубовта“ македонски одговор на Астеркис и Облекис, дело на Иван Пешев (текст) и Зоран Танев (цртеж) Авторите кои цртаат стрип во Македонија работеле на различни теми.
„Македонскиот стрип е крајно хетероген. Се забележуваат три основни столбови на творење - историски стрипови, па детските стрипови и политичките стрипови’ - додва Стеваковски.
Тој ова негово истражување го презентираше на големата стрип изложба коај беше презентирана во Велес во текот на месец март.
Според него најпознат македонски стрип е политичкиот и тоа „Пецко“ на авторот Дарко Марковиќ. За жал констатира дека интересот на младите, за стрипот како уметност, како култура е многу слаб.
Tweet |