Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2026
Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес реализираа превентивна активност за спречување на питачење. Ги едуцираа граѓаните да не доделуваат пари на лицата што питачат.
„На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции“ – соопштија од МВР.
Целта на превентивната активност била да се надмине проблемот со лица на улица, нивна заштита и целосно вклучување во општеството.
фото МВР
| Tweet |




