речник контакт

Питачите присутни низ градот, полицијата и службите за социјална помош не можат да ги пронајдат

Појава на која сите сме сведоци, но не и за надлежните служби

Петар Печков

Питачите невидливи за полицијата и вработените од Центарот за социјални грижи. Секогаш кога овие две институции тргнувале во акција за спречување и санкционирање на питачењето во Велес, не биле во можност да ги пронајдат лицата, поточно децата кои питачат, иако тие се секојдневна појава  во градот. Најчесто на семафорите, мошне близу од Полициската станица.

„На семафорите ги има постојано. Низ градот татко со дете кое постојано спие во прегратки и прашање е дали не е под некакви опијати, просат пари. Сите ги гледаме освен полицијата и вработените од Центарот за социјални грижи, за нив се невидливи“ – велат велешани.  

Ова прашање од страна на советниците  му беше поставено и на командариот на Полициска станица Велес, Александар Костов.

„Питачењото на сите ни пречи. Има посебен план направен, на државно ниво, каде  нашите инспектори за малолетничка деликвенција заедно со службите од Центарот за социјална работа излегуваат на терен, еднаш неделно. И досега не е најден ниту еден случај на питачање. Секоја недела се спроведува таква акциска контрола и досега  не е констатирано питачење“ -  кажа Костов.

Овој одговор предизвика смеа кај советниците, но и кај самиот командир. Па и тој се чудеше, како тоа питачите  да се присутни секој ден  а баш кога  акцијата се спроведува, да ги нема.

Тој одговори и  за наплатата на паркингот пред Основен суд, иако во Велес нема платен паркинг, Тоа  го спроведуваат лица кои самоиницијативно решиле да собираат пари.

„Имаше писмени пријави од граѓани за овој случај, излегоа на терен неуниформирани инспектори констатираа дека има две лица, кои не наплатуваат пари, но ако им дадеш земаат. Не покажуваат насилие, помагаат при паркирањето со совети. Сликата не е добра од тоа што се случува, но нема елементи за да покренеме постапка“  кажа Костов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »