Петар Печков
Објавено: сабота, 17 декември 2016
Утрово во 7 часот, на улица невена Георгиева Дуња, близу зградите нa Xабитат, куче од расата питбул здавило друго куче. Ова се случувало пред очите на присутните, кои се длабоко погодени од настанот и сликата чии сведоци биле. Кучето кое е здавано било маалско и миленик на комшиите.
Беше страшна глетка, од чист мир питбулот го нападна кучето и го давеше. Се беше крваво, бевме сведоци а не можевме да помогнеме. Се јавивме во полиција, бидејќи стравуваме што ќе стори потоа пит бул, кој има сопственик а не носи корпа на устата. Два часа минаа од настанот но полицијата не дојде а кучето напаѓач шеташе по околината. Децата беа преплашени а ги погоди смртта на нивниот миленик. Тоа ние го храневме и ја чуваше зградата – велат соседите.
Додаваат дека истиот овој питбул пред некој месец задавил и искасапил друго куче во околината. Затоа бараат од надлежните да се создаде ред во соседството, оти се чувствуваат несигурни.
Tweet |