Петар Печков
Објавено: вторник, 19 февруари 2008
Четврти пат во Велес се одржа манифестацијата „Питијада“ на која учествуваа 19 ресторани, кафеани, поединци и четири винарии.
За два часа велешани се изедоа 500 пити и се испија 100 литри вино.
Од нивната продажба, 20 денари четврт пита и 10 денари чаша вино се собраа 33 илјади денари. Тие средства организаторот Општина Велес и Фондацијата Фокус ги намени за доопремување на Детското одделение при Градската Болница во Велес, во рамките на проектот „Насмевка во пижами“.
Манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер и за најдобра пита беше избрана таа од ресторан „Снупи“ второто место и припадна на „Вила Зора“ а трет е бурекџилница „Це-це“.
За одбележување е што меѓу учесниците беше и Борка Андреева, учесник на манифестациајта Вешта жена која донираше 22 пити.
Сите учесници, и производителите на пити меѓу нив ресторан Аце Шкорпион, Гламур, Тивка ноќ, Олимпик Ас, Боем, хотел Романик АД Жито Вардар гостинот од Штип ресторан Нецко и на вино Тиквеш Кавадарци, Вила Марија Демир Капија и Николови Велес, се што понудија беше нивен прилог кон манифестацијата и за тоа не добија никаков надомест.

Tweet |